Верижен судар во Скопје, две возила се запалија, повредени тројца возачи и двајца сопатници
Вчера во 20,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Васил Чакаларов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.А.(39) од Скопје, товарно моторно возило “Фиат добло“ со скопски регистерски таблици, управувано од З.Л.(44) од Скопје и патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистерски таблици, управувано од Г.А.(19) од Скопје.
По сообраќајната незгода, дошло до опожарување на двете возила “Опел Астра“ и од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита бил локализиран пожарот.
Со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, како и сопатникот од едното возило “Опел Астра“ А.П.(20) од Скопје, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило “Опел Астра“ Ц.А.(63) од Скопје.
Лицата биле пренесени во Комплескот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот