Верче Белчовска е починатиот донор, ја прегазил возач кој побегнал
Верица Белловска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат потреба од тоиа, а доцна во утринските часови веќе на 22-годишно момче му беше трансплантирано срцето на момче на Клиниката за кардиологија, објави ММС.
Нејзиниот брат Мартин Белковски е единствениот кој останал да живее во Берово, додека останатите членови - постарата сестра, таткото и мајката се преселиле во Струмица.
„Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот“, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица.
Несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица.
-Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција, вели братот Мартин
Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берово, додека таткото Кирил, мајката Душана со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица.
Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
„Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција“, е последната информација на министерот за здравство Венко Филипче.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти