Тенис
13. July 2017 - 19:33

Венус Вилијамс против Мугуруза во финалето на Вимблдон

Американката Венус Вилијамс се избори за ново финале на неофицијалното Светско тениско првенство, Вимблдон. 

Десетата носителка на третиот овогодишен Гренд слем, Вилијамс во полуфиналето беше убедлива во дуелот со домашната тенисерка. 

Венус по пауза од осум години повторно ќе игра на последниот ВТА меч на третиот Гран слем сезонава, Вимблдон. Јохана Конта која ја победи во два сета со 6-4, 6-2.

За 37-годишната Американка тоа ќе биде деветто финале на Вимблдон, каде досега има освоено пет титули (2000, 2001, 2005, 2007, 2008). 

Вилијамс која на тревнатите терени на Вимблдон дебитираше пред 20 години во саботното финале ќе игра против шпанската тенисерка Габрине Мугуруза (14-носителка) која во два сета со 6-1, 6-1, славеше над Магдалена Рибарикова.  

Утре на програмата се полуфиналните мечеви во машка конкуренција.