Тенис
4. October 2015 - 8:51

Венус Вилијамс го освои турнирот во Вухан

Американката Венус Вилијамс ја освои титулата на ВТА турнирот во Вухан, Кина.
 
Постарата од сестрите Вилијамс титулата ја освои откако Шпанката Гарбине Мугуриса и го предаде мечот во вториот сет поради повреда на скочниот зглоб.
 
Венус првиот сет го доби со 6-3, во вториот поведе со 3-0 кога Мугуруса реши да го предаде мечот.
 
За 35-годишната Американка ова е 47-та титула во кариерата, а втора во 2015 година откако претходно победи во Оукленд.