Фудбал
10. October 2016 - 10:42

Вентура: Главниот збор го имаше Пароло

Италијанскиот селектор Џампјеро Вентура задоволен само од победата на неговиот тим против Македонија (2-3), но не и од примената на неговите тактички замисли се појави на прес-конференцијата по натпреварот на арената „Филип Втори“.
 
„Грешевме во играта, имаше од сé по нешто. Правевме грешки кои беше тешко да се предвидат. Кога настапувате со помлади играчи, тоа можеби е и нормално, но секако дека имавме грешки во спроведувањето на тактичките замисли. Можеби да се победи Македонија не е голема работа, но оваа победа е важна“, рече Вентура.
 
Италијанскиот селектор призна дека влегувањето на Пароло ги сменило работите на теренот, иако искажа задоволство и од тоа како одиграле Верати и Бернардески.
 
„Бернардески имаше добар настап, преку него во првото полувреме имавме три добри контранапада. Верати му беше добра поддршка, мислам дека тие двајца добро соработуваа. Истото важи и за Пароло, тој внесе свежина во играта и по неговото влегување дадовме два гола“, заврши Вентура.