Македонија
20. December 2017 - 16:16

Венко Филипче и официјално кандидат за иден министер за здравство

Зоран Заев до петок ќе го чека одговорот на Зијадин Села за тоа дали го прифаќа вицепремиерско место за реформи за да го задржи своето учество во Владата.

Неофицијално, Заев утре попладне треба да има средба  со Села или претставник од Алијансата за Албанците. Пакетот на нови министри и заменици во владиниот состав во парламентот треба да пристигнат најдоцна до седницата на 25 декември, како последна работна седница во Собранието за оваа година.

Официјално, портапролот Миле Бошњаковски вели дека дека технички се причините поради кои предлозите за пополнување на празните места се уште не се испратени до Собранието, но дека тоа ќе се случи многу наскоро. Тој го потврди Венко Филипче како кандидатот за министер за здравство, а за имињата на другите кандидати за министри се уште се чека останатите коалициски партнери во Владата да ги достават нивните предлози за испразнетите места.

Но Бошњаковски не прецизираше каква ќе биде распределбата на ресорите меѓу владините партнери.

Освен Филипче, во Владата нови имиња ќе бидат и Арбр Адеми поранешниот вицепремиер за еврроинтеграции од редовите на ДУИ. Партијата на Ахмети го номинираше за заменик министер за образование и наука. Интегративците се уште не испратиле замена за Рамиз Мерку од ДУИ како министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Аксел Ахмедовски се споменува за министер без ресор задолжен за правата на Ромите на местото на Самка Ибраимовски.
Од ДУИ вчера потврдија дека имаат доволен број на пратеници за гласање на новите министри и заменици дури и без двајцата народни избраници од Алијансата на Албанците.

Според неофцијалните информации на ДУИ и СДСМ,  се бара поддршка и на еден до двајца пратеници надвор од досегашното мнозинството.

Како независен пратеник веќе се изјасни Чедомир Саздовски. Минатата недела на седница се појави и Амбди Бајрам иако коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на парламентот. На комисиска расправа денеска во паралментот се појави и Панчо Минов иако и тој беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.