Фудбал
7. February 2019 - 19:07

Венгер се враќа на „тренерската“ клупа

Легендарниот француски фудбалски стручњак, Арсен Венгер (69) му се враќа на фудбалот. Според пишувањата на „The Times”, Венгер на маса има 4 конкретни понуди, но ниедна не е од Островот.

На тренерот кој 22 години беше на кормилото на Арсенал му понудиле функција спортски директор во ПСЖ, но тој ја сака тренерската работа. Според информациите на угледниот медиум, на Венгер му се нуди работа и како селектор, но тој преферира работа во фудбалски клуб.

Преостанатите две понуди се од два водечки европски клубови, но нивните имиња засега се во тајност.

Венгер во минатото се споменуваше како замена на Нико Ковач на кормилото на Баерн Михен, но истото се случуваше и со Милан и Реал Мадрид. Во сите три клуба тренерите (Ковач, Гатузо и Солари) се „на климави нозе“, па не е чудо ако Венгер сепак преземe налето еден од овие гиганти.

Арсен Венгер од 1996 до 2018 беше на чело на клупата на „Топчиите“ од Лондон, при што освои 17 трофеи. Во кариерата уште ги тренираше и Нагоја, Монако и Нанси.