-->
-->
Венгер: Новиот клуб треба да се држи во тајност
-->
Јавна тајна е доаѓањето на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити за рекордна сума пари, но според легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер тренерите прават грешки кога пред завршувањето на сезоната го објавуваат името на новиот клуб или дека заминуваат од клубот.
Венгер смета дека не е добро што Пеп Гвардиола уште отсега објавил дека нема да остане во редовите на Баерн Минхен.
– Лично не ми се допаѓа тоа што дел од тренерите објавуваат многу рано што ќе прават следната сезона. Тоа воопшто не е добро за нивните актуелни екипи како и за шпекулациите за менаџерите кои се во тешка ситуација, – изјавил Венгер.
– Гвардиола е врвен тренер и тоа никој не може да го оспори. Не толку поради бројката на освоени титули, затоа што и Баерн и Барселона победуваа пред и по неговото доаѓање, туку поради односот, сфаќањата и фактот што секогаш сака неговиот тим да игра позитивен фудбал. Тоа го почитувам, – вели менаџерот на Арсенал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров