Свет
31. July 2017 - 8:19

Венецуела: Шест лица убиени вчера при протестите против изборите за уставотворно собрание

Шест лица беа убиени вчера во Венецуела на протестите против изборите за уставотворно собрание, распишани по инсистирање на претседателот Николас Мадуро.

Во западната држава Тачира, до границата со Колумбија, беа застрелани две момчиња на 13 и 17 години, а малку пред тоа беше застрелан и еден војник. Во Каракас беа убиени уште три лица, соопшти обвинителството.

Во целата земја владее напнатост. Во текот на ноќта во сабота спроти недела беа убиени кандидат за уставотворно собрание и лидер на опозицијата.