Свет
10. April 2019 - 13:47

Венецуела подигна 8 тони злато и планира да ги продава на странците: Не може да ги издржи санкциите, еве уште колку пари имаат

Венецуела го продава златото од сефовите во банките, пренесува Ројтерс. 
 
Како што објави Ројтерс, повикувајќи се на два извори, еден од парламентот на Венецуела, а другиот од нејзината влада, тврди дека Венецуела од сефот во централната банка повлекла осум тони злато кои планира да ги продаде во странство.
 
Тоа го прават за да ја кренат валутата и да ги поднесат санкциите наметнати од САД, тврдат изворите на британската агенција.
 
„Додека санкциите од Вашингтон го задушуваат ќарот од извозот на нафтената компанија во државна сопственост, ПДВСА, сѐ поизолираната влада на претседателот Мадуро се сврте кон резервите злато како единствен извор на странски валути“, пишува Ројтерс.
 
Владиниот извор им открил дека резервите злато во централната банка се намалиле за 30 тони од почетокот на годината, односно откако Трамп почна да ги засилува санкциите.
 
Кога ќе се одземе тоа количество, во банката остануваат 100 тони злато кои вредат над 4 милијарди долари. со тоа темпо резервите на злато во венецуелската централна банка ми можеле да исчезнат до крајот на годината.
 
Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој во јануари се прогласи за привремен претседател и кого го признаваат САД и нивните сојузници, се обидува да ги спречи ваквите продажби.
 
Тој и неговите соработници ги критикуваат компаниите кои го купуваат венецуелското злато или го држат во заем истакнувајќи дека тие го финансираат Мадуро и ја продлабочуваат хуманитарната криза.
 
Освен резервите во централната банка на Венецуела, Гуаидо се обидува да ги замрзне сметките на Венецуела во странство, јавува Ројтерс и додава дека тоа вклучува замрзнување на сметката на која се 31 тон злато депонирани во Банката на Англија, кои вредат 1,3 милијарди долари.
 
Ројтерс јавува и дека златото било преместено минатата недела кога високи функционери биле во банката. Изворот од владата им открил дека тогаш функционерите од понизок ранг останале дома поради прекинот во снабдувањето со струја.
 
„Го преместија златото додека банката беше во вонредна состојба“, тврди лидерот на опозицијата Анхел Алваро. Тој кажа и дека златото ќе биде продадено во странство.
 
Во февруари од банката било повлечено слично количество злато, јавува Ројтерс.
 
САД во јануари ги предупредија странските купувачи на злато да не соработуваат со венецуелската влада, поради што Венецуела се откажа од продажбата на 29 тони злато на Обединетите Арапски Емирати.
 
Но, од февруари и март повторно почнаа со продажбата.