Свет
1. September 2016 - 9:18

Венецуела ги замрзна односите со Бразил

Бразилската Влада го отповика амбасадорот во Венецуела за консултации, откако Каракас го осуди импичментот на претседателката Дилма Русеф и го повлече нејзиниот амбасадор од бразилската престолнина, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.

Министерстовто за надворешни работи на Венецуела го осуди отстранувањето на Русеф, нарекувајќи го „парламентарен пуч“. 

Во соопштението на венецуелското Министерство се наведува дека Венецуела  ги замрзнува политичките односи со Владата на Бразил , до што дошло поради таквиот „парламентарен пуч“.

Бразил исто така ги оптповика и раководителите на дипломатските мисии во Боливија и Еквадор, откако левичарските Влади на овие земји го критикуваа решението на бразилскиот Сенат да ја отстрани од власт Дилма Русеф. 

Бразилскиот Сенат вчера ја смени од позицијата левичарска претседателка на државата, Дилма Русеф, поради кршење на буџетските закони, со што ја оконча процедурата на отстранување низ која поминуваше оваа латиноамериканска земја.