Живот
2. September 2017 - 8:34

Венчавка во градски превоз: Го кажале судбоносното „да“ таму каде што се запознале пред 13 години

Младенците во денешно време се венчаваат на разни места, но еден пар од Њујорк решил церемонијата да ја организира во истиот градски автобус во кој се запознале пред 13 години, а сето тоа го пренесувала локалната телевизија.

Патниците и околу 50-ина гости присуствувале на свечениот чин на венчавката на Кара Малинс и Озвалд Хименез.

Хименез ја запознал својата идна сопруга пред 13 години во автобусот М14 во кој по повеќе од деценија се и венчаа. Кога на својата свршеничка и предложил да се венчаат во автобусот истиот момент прифатила, пренесува Анадолија.

Церемонијата од венчавката била емитувана и на локалната телевизиска станица NY1.