Свет
28. јуни 2017 - 10:30

„Велт": Германски пратеници можни жртви на шпионажа од Турција

Германската федерална полиција ги предупреди пратениците во Бундестагот дека можеби се следени од турските разузнавачки служби и дека е можно турски националисти да претставуваат закана за нив, јавува германскиот магазин „Велт".

Овие информации можат дополнително да ги заострат и онака затегнатите односи помеѓу Германија и Турција, кои по многу прашања немаат заеднички став.

- Последниве седмици федералната полиција спроведе т.н. „дискусии за безбедноста" со неколку пратеници. Акцентот на тие дискусии е ставен врз можно следење од страна на турското разузнавање и опасности за безбедноста, кои доаѓаат од турските националисти, стои во написот.

Засега нема коментар од Централата на германската федерална полиција на ваквото тврдење на „Велт“.