Спорт плус
28. December 2019 - 19:00

Велосипедската федерација ги прогласи најдобрите за 2019-та

Велосипедската федерација на Македонија денес во Битола, ги прогласи најдобрите во велосипедскиот спорт во 2019 година. 
 
Преку 50 наградени велосипедисти присуствуваа на манифестацијата на која признанијата ги додели претседателот на федерацијата Сашо Димитријоски, кој истакна дека годината што полека изминува, за нив беше успешна.
 
За најуспешни во овој спорт за 2019-та година по категории беа прогласени: 
 
Вело-крос: 
Мастерс: Златко Гецовски (15 мај Пелистер)
Кадети: Лука Димитријоски (Спид Бајк)
Јуниори: Кристијан Максимовски (МВК Велес)
Сениори: Тефик Салахи (Цикло спорт)
Екипно: Спид Бајк – Кичево
 
 
Планински велосипедизам:
Жени: Анета Антовска (Оксижен)
Мастерс: Љубиша Кондев (Енерџи)
Кадети: Борис Стефановски (Крос сајклинг)
Јуниори: Лазар Петровиќ (Оксижен)
Сениори: Александар Марковски (Оксижен)
Екипно: Оксижен – Скопје
 
Младински велосипедизам:
У-15: Христијан Атанасовски (15 мај Пелистер)
У-13: Даим Мухареми (Андреналин)
Екипно: 15 мај Пелистер – Битола
 
Друмски велосипедизам:
У-15 (ж): Адријана Анастасовска (Оксижен)
Мастерс: Зоран Ристовски (Вело-М)
Кадети: Благој Марковски (МВК Велес)
Јуниори: Виктор Ванчевски (МВК Велес)
Сениори: Никола Лефков (Вело-М)
Екипно: МВК Велес – Велес
 
Награда за посебен придонес од велосипедскиот спорт доби Ристе Настевски