Велосипедска трка во Куманово во рамки на Европската недела на мобилност
Во рамки на Европската недела на мобилност, во Куманово денеска се одржа велосипедска трка на која учествуваа ученици од кумановските училишта.
Целта на велосипедската трка, што се одржа под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање, преку одделението за екологија во општина Куманово, е да се промовира користењето велосипед како алтернатива во однос на користењето автомобили.
- Куманово не е препознатливо по голем број велосипедски патеки, но токму на овој булевар има можност за користење на велосипед.На овој начин и Куманово се вклучува во одбележување на Европската недела на мобилност, изјави градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски, кој го означи стартот на трката.
Учениците-учесници на трката апелираа до граѓаните почесто да пешачат или да возат велосипед.
Во организација на оваа трка во Куманово се вклучија секторите за образование и за спорт од општина Куманово.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари