Македонија
21. December 2020 - 23:35

Велосипедот најбезбеден превоз во услови на пандемија

60 проценти од граѓаните автобусот го замениле со велосипед поради коронавирусот. Токму стравот од ширењето на ковид, за 78 проценти од граѓаните, бил пресуден, за тие со велосипед да одат и на работа. Ова се резултатите од онлајн анкетата која ја спроведоа граѓанските организации на точак и Центарот за одржливи иницијативи.

Дека е зголемен бројот на граѓани кои возат велосипед, говори и фактот што од почетокот на годинава до месец јули, тројно се зголемила продажбата на велосипеди. Но во последниве три месеци има благ пад на продажбата, главно тоа се должи на ограничениот избор, велат продавачите.

Токму зголеменото користење на велосипеди ги охрабри и крадците во пандемијата да бидат поактивни и тоа среде бел ден.

Според искуството од граѓаните, најчесто тие самите се обидуваат да го пронајдат својот велосипед. Поход кој често завршува без успех.