-->
-->
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-->
Еден велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 11 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.
Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците од СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.
Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 75 возила.
Казнети се и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, еден возач кој поминал крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори