Македонија
1. May 2021 - 12:50

Велосипедист тешко повреден во Скопје откако во него удрил автомобил

На 30.04.2021 во 16.30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Партизански одреди” патничко возило „хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(45) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Р.Ј.(75) од Прилеп.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември”.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.