Македонија
31. August 2016 - 10:57

Велосипедист тешко повреден при сообраќајка во Скопје

Во Скопје во  текот на вчерашниот ден се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Во една од сообраќајните незгоди, со тешки телесни повреди се здобил велосипедист.

Од СВР - Скопје за МИА информираат дека во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Меѓу санкционираните се 18 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќа, пет возачи поминале на црвено светло на семафорите, а 16 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани и 38 биле непрописно паркирани возила.

Десет пешаци, посочуваат од СВР - Скопје, сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 63 возила.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Росица“ објект „Калинка “ истиот се наоѓаат на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Денеска Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје со почеток во 10:00 часот ќе оддржат протест пред зградата на Сојузот на Синдикатите на Македонија, пред Собранието и Владата на Република Македонија на Бул. Илинден.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот како и на овој вонреднен настан, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Од денеска па се до Недела 04.09 во организација на градот Скопје со почеток во 19:00 часот на просторот на Скопското Кале ќе се одржи фестивалот на пивото „Пиволенд“.

Се очекува присуство на поголем број граѓани, од овие причини од наша страна,а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување,а по потреба физичка регулација и пренасочување на сообраќајот,особено ќе ја следиме состојбата на сообраќајот на ул. „Самоилова“ и ќе превземаме соодветни мерки.

СВР - Скопје упати апел до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на фестивалот на пивото „Пиволенд“ со сопствени возила, да ги паркираат на паркинг просторите во централното градско подрачје или на паркинг просторот на ул.Лазар Личеноски” под тврдината Кале.
Апелираат до посетителите доколку конзумираат алкохол да се воздржат од управување со своите моторни возила односно да го користат јавниот превоз.