Македонија
7. October 2019 - 12:28

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајка во Охрид

Синоќа во 13.30 часот на магистралниот пат кај Св.Еразмо, охридско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(55) од с.Велешта, струшко, и велосипед управуван од Ј.А.(61) од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.