Македонија
29. September 2017 - 8:30

Вело родео во центарот на Кочани

Вело родео напладне ќе се одржи во центарот на Кочани на кое ќе учествуваат ученици од 20-тина училишта од источна Македонија. Тие преку игра, забава и едукација ќе ја пренесат пораката за придобивките од возењето велосипед.

Покрај забава и едукација на овој настан, кој е во организација на здружението на граѓани Еко Логик, Мрдни со Прст и Основното училиште Раде Кратовче од Кочани, ќе им бидат доделени  три велосипеди на најдобрите три училишта на Вело родео натпреварот што ќе можат да ги користат понатаму во своите наставни програми.

По завршување на натпреварот, теренот со велосипедските препреки ќе биде отворен за целата публика.