Велковски: Очигледна е разликата меѓу криминалниот и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ со 11 годишното криминално и расипничко владеење зад себе остави урнисан систем на социјална заштита, сиромаштија и економска стагнација.
Заради задоволување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ остави илјадници граѓани со ниска, недостојна социјална помош.
ВМРО-ДПМНЕ со години ги дискриминираше вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои добиваа недолична минимална плата од 9.000 која беше значително пониска од законски утврдената плата за другите стопански гранки.
ВМРО-ДПМНЕ свесно го игнорираше проблемот со стечајните работници, оставајќи ја оваа група граѓани без приходи и на маргините на општеството.
За разлика од таквиот однос, денес Владата презема мерки што се во интерес на економијата и граѓаните.
Со социјалната реформа, социјалната помош за граѓаните порасно до 300 отсто.
Минималната плата порасна на 12.500 денари и таа е иста за сите, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
Решен е проблемот на стечајните работници. Денес, над 10.000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари.
Растот на БДП изнесува 4,1 отсто.
Очиледна е разликата меѓу криминалниот и расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ.
Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно