Loading Video...
Ракомет
3. November 2020 - 15:52

Велко Марковски треба да и се приклучи на репрезентацијата за дуелите со Финска и Швајцарија

Машката македонска ракометна репрезентација утре, со дуелот против Финска, го отвора новиот циклус квалификации за ЕП 2022. 
 
Специјалистот за игра во одбраната Велко Маркоски од Металург, е ново повиканиот ракометар во македонската репрезентација за дуелите против Финска и Швајцарија.
 
Откако од списокот отпаднаа тројца ракометари чии тестови на Ковид-19 беа позитивни, селекторот Брестовац вчера упати повик до вардаровото крило Гоце Георгиевски, а денеска е повикан на тимот да му се приклучи и Велко Марковски. 
 
Тој ќе ги почека резултатите од тестирањето по што доколку наодот е негативен, ќе му се приклучи на тимот кој веќе утре против Финска ќе го одигра првиот меч. 
 
Дуелот Македонија – Финска ќе се игра без публика во СЦ „Борис Трајковски„ со почеток од 20 часот.  Тоа ќе биде дуел од групата 7 во која утревечер ќе играат фаворитот Данска и селекцијата на Швајцарија против која нашите ракометари во сабота (7 ноември) на гостински терен треба да го одиграат вториот меч во овие квалификации.