Македонија
25. March 2021 - 21:03

Вељановски: Жалам за тоа што се случи на 27-ми април

Вељаноски жали за упадот во Собрание. Во судница, поранешниот прв човек на законодавниот дом, потсетувајќи се на настаните пред речиси 4 години рече дека нема никаква вина со тоа што се случи. Тврди дека секогаш го почитувал деловникот. Ништо не му навестувало дека дента седницата ќе има поинаков тек од вообичаено. Ниту пак му дал предност за збор на Зекирија Ибраими, кој ја пееше албанската химна. 

Се беше по редослед. Тоа се утврди од стенографските белешки и од исказите на сведоците кои го потврдија тоа. Џеват Адеми и Артан Груби укажаа дека пред нив пријавен бил Зекирија Ибраими. Тој пееше 20-тина секунди, јас не ни знаев што се пее”. Немав можност директно да го исклучам микрофонот на Ибраими. Таква опција е воведена неколку месеци подоцна, рече Вељановски во своја одбрана. 

Од обвинетите наводни организатори, на 27-ми април, службено комуницирал само со Спиро Ристовски, кој тогаш беше заменик министер за образование, а  разговорот бил поврзан токму со  тема во образованието. Немал комункација ниту со поранешната заменичка за правда Биљана Бришковска. А за СМС комуникацијата која ја имал со Груевски, Вељаноски рече дека порака не е доказ дека се организирале. 

Вработена во прес-службата која беше на пресот на Зоран Заев ме информираше дека лидерот на СДСМ рекол дека ќе се избира претседател. Тоа не беше случај само дента, вработената ме информираше и претходно од други прес-конференции. Пораката ја препратив, ниту додавав ниту одземав. Тоа што беше во пораката го имаше по сите медиуми, тоа беше најдостапна информација со оглед дека беше кажана на пресот, рече Вељановски во својата одбрана.

Следното рочиште продолжува на 31-ви март, а своја одбрана треба да дадат поранешните министри Јанакиевски и Ристовски и поранешниот прв човек на УБК Атанасовски.