Македонија
25. March 2021 - 13:44

Вељановски: Жалам за тоа што се случи на 27 април

Вељановски жали за настаните од 27 април.

Во својата одбрана пред судот за наводните организатори на 27 април, поранешниот претседател на Собранието рече дека дента имало жртви, некои физички, а некои политички, но сите заедно биле жртви и изгубиле многу.

Вељановски рече и дека секогаш го почитувал деловникот, но и дека пред Конститутивната седница долго време немало усогласеност меѓу политичките партии околу нивните предлози за претседател на Собранието и за Комисија за избори и именувања.

Во своја одбрана Вељановски рече и дека обвинетиот Владимир Атанасовски го запознал во судница и немал никаква претходна комуникација. Во 2017 година немал комунијакција ниту со Јанакиевски. Единствено, службено на 27ми април се чул со Спиро Ристовски, за информација поврзана со инспекциски надзор на просветен инспекторат на некој факултет.

На следното рочиште одбрана треба да дадат и останатите обвинети.

 

Елена Милошевска