Македонија
15. January 2017 - 17:13

Вељаноски: Убеден сум дека Груевски и Ахмети ќе најдат сили за формирање на Влада на РМ

Трајко Вељаноски во интервјуто за Сител во Вестите во 16 часот изрази убедување дека во наредниот период, согласно уставот и законите лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ,  Никола Груевски и Али Ахмети ќе најдат сили за формирање на Влада на РМ.

Нема шанси за менување на Уставот, продолжување на мандатот на СЈО, дециден е Велјаноски во интервјуто за Сител.

Според него во престојната недела, од 23 до 29 јануари ќе се затворат сите отворени прашања, ќе продолжи Конститутивната седница и да се избере претседател на Собранието и да се избере составот на новата влада.