Вељаноски повикан во Обвинителството за „27 април“
Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска беше во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде вршел увид во доказите за предметот за „27 април“, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.
Вељаноски на излегување од обвинителството кусо изјави дека бил повикан и се одзвал на поканата од обвинителството, без да даде повеќе детали.
Трајко Вељаноски се товари дека е еден од организаторите на нападите во Собранието од 27 април 2017 година, заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски. Тие се осомничени дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Судот на предлог на Обвинителството, за Вељаноски побара притвор, но Собранието по низа процедурални забелешки не гласаше за одземање на неговиот пратенички имунитет.
внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот