Македонија
10. September 2015 - 8:40

Вељаноски на средба со новоименуваните амбасадори на Австрија и на ОБСЕ

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ќе се сретне со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Ренате Коблер.

Како што е најавено, денеска Вељаноски ќе има средба и со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Суомалаинен.