Македонија
31. August 2016 - 8:33

Вељаноски на Парламентарен состанок на земји од централна и источна Европа

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Сејмот на Република Полска, Марек Кухчињски, денеска ќе учествува на Парламентарниот состанок на земји од централна и источна Европа, насловен како „Солидарност и суверенитет“, што се одржува во Варшава, Полска.

На состанокот, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, ќе учествуваат претседатели на Парламенти на Централна и Источна Европа.

Во рамките на состанокот Вељаноски ќе се обрати на темите: „Преродба на Европската унија и регионалната соработка во Централна и Источна Европа“ и „Придонесот на Националните парламенти во мултилатералната соработка во Централна и Источна Европа“.