Македонија
6. April 2016 - 23:27

Вељаноски: Денеска завршува мандатот на овој парламентарен состав

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница вечерва изјави дека со тоа завршува мандатоoт на актуелниот парламентарен состав.
 
– Бидејќи денеска завршува мандатот на овој парламентарен состав, би сакал на сите вас да ви се заблагодарам и да ви посакам во иднина, пред се, среќа и успеси како на личен така и на професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ многу тешки премрежја, но сепак успеавме сите заедно да реализираме и конкретни резултати во остварувањето на нашите стратешки определби, во градење на стабилна сегашност и подобра иднина. Јас лично како претседател на Собранието го изразувам моето задоволство и изразувам искрена надеж дека секој од нас без разлика на политичката припадност и на неговиот иден ангажман ќе продолжи да придонесува за добробит на Република Македонија и на сите нејзини граѓани, рече Вељаноски во кусото излагање.
 
Праниците на СДСМ не присуствуваа на седницата. И покрај нивното барање не беше свикана итна седница на која би биле контатирани оставките на нивните министри и заменици минстри што претходно во текот на денот ги поднесоа до претседателот на Владата за спроведување на изборите  Емил Димитриев.