Македонија
19. April 2022 - 14:47

Велики Петок – 22 април неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Велики Петок, петок пред Велигден – 22 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјата.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07)
 
Од МТСП, воедно на верниците од православна вероисповед им го честитаат празникот Велики Петок.