Свет
28. January 2016 - 12:07

Велика Британија прима деца бегалци одвоени од родителите

Велика Британија ќе прими  деца бегалци, кои се одвоени од своите родители во судирите во Сирија и други земји, соопшти денеска британската Влада. 

- Кризата во Сирија и случувањата на Блискиот Исток и во северна Африка разделија голем број бегалски деца од нивните семејства, изјави британскиот министер за имиграција, Џејмс Брокеншајр. 

Наведувајќи дека за „големо мнозинство“ од нив најдобро е да останат во регионот со членовите на поширокото семејство, тој додаде дека Велика Британија сепак побарала од УНХЦР да ги „идентификува исклучителните случаи во кои во најдобар интерес на детето е да се насели во Британија“.  

Властите засега не можат да потврдат колкава е бројката на деца, која Британија би ја прифатила, нагласувајќи дека прашањето на имиграцијата е едно од најчувствителните во политиката на таа земја.