Свет
1. November 2016 - 23:25

Велика Британија објави петгодишен план за кибер-безбедност

Обединетото Кралство ќе возврати на ударите во случај на кибер-напади, предупреди денеска министерот за финансии Филип Хамонд, претставувајќи ја новата владина стратегија за кибер-безбедност. 

Претставениот петгодишен план, за кој ќе бидат потрошени 2,1 милијарди евра, цели кон зголемување на заштитата на паметните телефони, таблети, камери, домаќински апарати поврзани со интернет, кои можат да станат мета на кибер-напад. 

- Технологијата претставува огромна можност за нашата економија, но крие ризици, истакна Хамонд. 

- Многу е важно за идината на нашата економија да можеме да имаме доверба во интернетот и неговата инфраструктура, нагласи тој. 

Новата стратегија се базира на три насоки - зајакнување на заштитните системи, развивање на знаењата за кибер-криминалот и дестимулирачки - преку ветувањето за одмазда во случај на напад.