Loading Video...
Свет
31. January 2020 - 18:10

Велика Британија на полноќ ја напушта Европската Унија

Велика Британија на полноќ излегува од Европската Унија. „Разводот“ следи по 47 години,откако земјата се приклучи на европскот семејство и 4 години откако британците на референдум рекоа збогум на унијата. Претседателката на европската комисија Урсула фон дел Лејен, рече дека ова е емотивен ден.

Денес е многу емотивен ден.Најпрвин би сакала да им одадам почит на сите британски државјани во ЕУ кои речиси половина век допринесоа за унијата и ја направија посилна. Ова сега е приказна за стари пријатели и нови почетоци.

Во 11 месечнот период на транзија кој следи дел од работите ќе се сменат, но дел ќе останат исти.

Земјата нема да има право на глас во европските инситутции,а британските министри нема да присуствуваат на редовните состаноци на на еу. 73 пратенички места ќе останат празни во парламентот. Земјата ќе треба да и плаќа на Унијата,а Лондон и Бирсел ќе треба да се договорат каков ќе биде понатамошниот односо меѓу двете земји.

Ќе следуваат нови трговски договори со унијата, а земјата  ќе може да преговара и со САД и Австралија.

Британците ќе добијат нови пасоши со сина и златна боја, но и постоечките бордо пасоши ќе останат валидни.

Во наредниот период нема да да се смени меѓународниот сообраќај. државјаните на Велика Британија ќе чекаат во редовите резервирани само за земјите-членки на ЕУ.. Во следниот период Британците ќе можат да работат и да живеат во ЕУ како и , а истото ќе важи и за странсите државјани кои се во Велика Британија.

Сепак во 23 часот по локано време, прочиениот Биг бен нема да го најави доаѓањето на Брегзит бидејќи се реновира, тоа ќе го стори часовникот на фасадата на Даунинг стрит 10.