Свет
13. July 2017 - 9:16

Велика Британија ќе потроши 40 милиони фунти за унапредување на ловците „Тајфун“

Велика Британија ќе потроши 40 милиони фунти стерлинзи (52 милиони евра) за зголемување на способностите на системот за противракетна одбрана на нејзините авиони ловци „Тајфун“.

Ова денеска го соопшти британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, откако и го врачи договорот за реализација на нарачката на италијанската компанија „Леонардо“.

Денешната информација е уште еден јасен пример за тоа како постојано ги подобруваме авионите „Тајфун“, за утре да бидат исто толку ефикасни колку што се и денеска, изјави Фалон во коминике.