Велика Британија ќе ги заостри казните за терористите

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе ги заостри казните за лица осудени за насилни злосторства и тероризам, како што е напаѓачот кој уби две лица во Лондон во петокот, ако неговата конзервативна партија победи на изборите овој месец.
– Ќе донесеме поостри казни за сериозни сексуални и насилни престапници и за терористите, изјави конзервативниот лидер за Би-Би-Си.
– Апсолутно не го одобрувам фактот што овој човек бил на слобода. Мислам дека тоа е грозно и ќе преземеме акции, рече Џонсон откако еден маж претходно осуден за тероризам во Лондон во петокот уби две лица.
Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб исто така денеска изјави дека во некои случаи на лица осудени за тероризам треба да им биде изречен доживотен затвор, посочувајќи дека конзервативната влада ќе ги засили казнените мерки.
Раб го поддржа ветувањето на Џонсон дека ќе стави крај на сегашната практика сериозни сторители да можат автоматски да бидат порано од затвор.
– Рековме дека очекуваме најмалку 14-годишна казна за сериозни терористички дела. Не сметаме дека сите треба да бидат ослободени, сметаме дека за некои кривични дела, казната треба да биде доживотен затвор, а исто така сметаме дека терористите треба да ја одлежат целата казна, изјави Раб за Скај њуз.
Ново на Сител
-

Жени од Источна Македонија започнаа обуки за вклучување во доброволните противпожарни друштва
-

Преглед на вестите од светот
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
