Свет
13. January 2017 - 12:35

Велика Британија: Евакуација на илјадници луѓе поради невреме

Невремето проследено со поројни дождови, силен ветар и снег, погоди ноќеска делови од Англија поради што се откажани летови, затворени се училишта, а сообраќајот се одвива отежнато.

Ширум Велика Британија се објавени 100 предупредувања за поплави од кои 11 на највисоко ниво.

Во северните и источните делови од Англија и понатаму беснее невреме, а во западните се очекува снег.

Предупредување за бура има во Англија. Шкотска, Велс и Северна Ирска.