Македонија
6. April 2018 - 16:27

Велигденските празници ги наполнија храмовите на МПЦ-ОА во Охрид

Охрид живее во духот на големиот христијански празник Велигден. Божјите храмови се претесни за верниците кои доаѓаат од раните утрински часови. Балканскиот Ерусалим со 365 те цркви  распослани долж брегот на езерото и културно историските знаменитости ги плени туристите.

Денеска е Велики петок најтешкиот ден во годината, кога Исус Христос бил распнат на крст, за да ги искупи гревовите на човештвото.

Инаку за продолжениот празничен викенд главниот туристички центар е полн со туристи првите пристигнаа уште синоќа и тоа оние домашните кои имаа свои викенд станови ,ги има  и од Србија,Бугарија, Грција, Црна Гора и Албанија но не изостануваат ни оние од подалечните земји.