Македонија
29. April 2016 - 12:12

Велигденски концерт во Гостивар посветен на Костадинка Палазова

Во чест на православниот празник Велигден, синоќа во Гостивар во големата сала на Центарот за култура АСНОМ се одржаа два концерти на традиционални народни игри и ора. На првиот членовите на Градското културно уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ изведе сплет од ора и песни, а на вториот, посветен на Костадинка Палазова, се изведоа повеќе песни од оваа македонска музичка легенда. 

- Годинава, покрај традиционалиот Велигденски концерт на кој настапува „Браќа Ѓиноски“, решивме да ја одбележиме кариерата на нашата сограѓанка Костадинка Палазова и да дадеме значај на нејзиниот придонес во културата. Таа е уметник што не познат само во нашиот град, туку и пошироко, токму со негување на традиционалните вредности, изјави Љуан Зенку, директор на НУ Центар за култура АСНОМ - Гостивар

Покрај помладите изведувачи на сцената, со две песни настапи и Палазова, која рече дека е почестена и порача младите да ја негуваат и чуваат македонската традиционална песна.

На концертот, Центарот за култура на Костадинка Палазова и додели плакета за афирмација и негување на традиционалната македонска песна.