Живот
23. April 2019 - 13:38

Велигденска прослава во Белата куќа: Трамп и Меланија нагостија многу деца во својот дом

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја отвори традиционалната велигденска трка со јајца во Белата куќа.
 
- Сакам на сите да им посакам Среќен Велигден , рекол Трамп во обраќањето од балконот во Белата куќа каде му се придружи и првата дама Меланија Трамп. 
 
Американскиот претседател со истрел го означи почетокот на велигденската трка со јајца во дворот на Белата куќа, што е една од многуте активности кои биле организирани за 30.000 возрасни и деца кои влегуваат низ капијата за време на Велигден. 
 
Главното случување е традиционалната трка која во Белата куќа се одбележува од 1878 година каде  тврдо готвено јајце се трка со лажица по трева.