Велигденска честитка од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
Изминатиов период, живеејќи во време во кое насекаде низ светот човечкиот живот е во голема опасност поради смртоносниот вирус, растеше искушението за секој од нас во периодот пред денот на славното Христово Воскресение да ја сочуваме верата во вонредните околности, да ги преиспитаме нашите постапки и да размислуваме за вистинските потреби на човекот, кои ги цени најчесто тогаш кога не му се достапни. Наближувањето на Велигден секогаш дава надеж и фрла светлина врз човековото постоење.
Зборовите на нашиот почитуван блаженоупокоен Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј : – „Христос Воскресна и ги рашири своите прегратки за сите луѓе; Бог сака сите да ја познаат неговата вистина и да се спасат“ и денес ја истакнуваат големината на празникот и даваат смирение будејќи ја човековата надеж.
Дозволете да Ви го честитам Христовото Воскресение Велигден со најрадосниот поздрав,
ХРИСТОС ВОСРЕСНА!
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи