Македонија
8. April 2018 - 18:39

Велигден свечено го одбележаа и Македониците во Брисел

Големиот христијански празник Велигден свечено беше одбележан и во Брисел, Белгија.

На свечената велигденска богослужба што ја водеше протоереј Боро Милчев од Струмичката епархија присуствуваа голем број македонски верници кои живеат и работат не само во Брисел туку и во другите делови на Белгија.

На службата и објавувањето на веста за Христовото воскресение присуствуваа и повеќе претставници од дипломатските претставништва на Македонија во Брисел.

Меѓу другото во својата Велигденска беседа протоереј Боро Милчев порача дека македонците во овие судбоносни денови, особено нашинците ширум светот треба да бидат заедно и сплотени како никогаш досега и со голема љубов да ја негуваат и чуваат својата вера.