Македонија
17. January 2017 - 8:55

Величковски на заседание на воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на 176. заседание на воениот комитет на НАТО.

За време на заседанието, началникот Величковски ќе се обрати на две сесии на кои ќе присуствуваат началници на генералштабови на земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ и земјите - партнери на НАТО. 

Состанокот на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови се одржува двапати годишно со цел да се разгледаат актуелните мисии и операции на НАТО, како и да се обезбедат воени совети на Алијансата во справувањето со глобалните безбедносни предизвици.