Македонија
20. April 2016 - 13:00

Вели Мумин: Доста беа украински сценарија, на 5-ти Јуни ќе победи Македонија!

Македонскиот боксер Вели Мумин преку социјалните мрежи порача дека кризата треба да се реши со избори.
 
-Народот одлучува на избори. Доста беа Украински сценарија. На 5-ти Јуни ќе победи Македонија. Да ја решиме кризата со избори!, пишува Мумин на Фејсбук.
 
И каратистот Мартин Несторовски кој освојуваа медали претставувајќи ја Македонија вчера го осуди сквернавењето на Порта Македонија, посочувајќи дека истата е симболот на победата на нашите спортисти: кошаркарите, ракометарите, симболот на сите наши победи.