Македонија
4. March 2017 - 16:40

Велгошти во нова битка за уште еден Гинисов рекорд

Со 28 доктори на науки и 14 магистри, охридско Велгошти аплицира за влез во Гинисовата книга на рекорди. Иницијативата е на универзитетскиот професор Љупчо Кеверески. Тој вели дека се одлучил на ваков чекор оти сите овие високо образовани кадри живеат и работат во Македонија.

Велгошти брои над 2 илајди жители. Според иницијаторот на идејата за влез во Гинис, бројот на доктори на науки и магистри од едно населено место е признание за академската заедница и образовен процес. Според Кеверески, ова е релативен демант на тезата дека расте одливот на академски граѓани од Македонија.

Инаку ова е втор обид Велгошти да се запише во Гинисовата книга на рекорди. Претходно се запиша помеѓу рекордерите преку фудбалскиот натпревар одигран во велгошти на кој биле постигнати 135 години..