Македонија
10. October 2015 - 19:36

Велешките пита мајстори го срушија сопствениот рекорд

Велешките пита мајстори го урнаа сопствениот рекорд - годинава изработија пастрмајлија долга три и пол метри. Оваа е за 20 сантиметри подолга од минатогодишната.

Велес од синоќа живее во знакот на питата и виното. Во првата фестивалска вечер на годинешната Питијада се изедоа над 10 илјади пастрмајлии, а се испија околу 3 тони вино.

Дождливото време не ги поколеба гостите. Кумановчани, скопјани, штипјани дојдоа да ја пробаат велешката пита.

Велешката питијада завршува утревечер. Гостите ќе ги забавуваат музичари од домашната поп сцена.