Македонија
5. August 2021 - 17:14

Велешки пожарникари на помош во гаснење на пожарите во кумановско

 Шест пожарникари со едно противпожарно  возило-цистерна со вода  од Територијалната Противпожарна Единица од Велес попладнево околу 16:30 часот се упатија на помош на колегите и месното население во гаснење на пожарите во кумановско, информираат за МИА од ТППЕ Велес.

Воедно посочуваат дека во реонот на Велес и велешко заедно со општините Градско и Чашка, нема пожари.

Од ТППЕ Велес  апелираат до жителите од поширокиот велешки регион  да бидат многу  внимателни при престој во природа и да не палат оган на отворен простор за да не предизвикаат пожари.