Македонија
30. јуни 2016 - 16:37

Велешката гемија повторно заплови по Вардар, стартуваше вардарската регата Гемиџии

Велешката гемија повторно заплови по Вардар.

Денеска стартуваше вардарската регата Гемиџии. Десетина гумени чамци и дрвената гемија четири дена ќе пловат до Гевгелија.

100-тина учесници годинава ќе ја обноват традицијата на велешките трговци.. Градоначалникот Славчо Чадиев очекува дека во иднина наместо Гевгелија крајната дестинација на регата ќе биде Солун.

Вардарската регата има меѓународен карактер. Втора година по ред гостуваат учесници од Србија и Црна Гора..

-Доаѓам од Црна Гора и првиот впечаток е добар, се е добро организирано се надеваме на мирен Вардар и мирна пловидба и се разбира добор дружење, вели учесникот.

-Вардар е убава река и се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред, а во Демир Капија очекуваме и андреналинот да се зголеми, вели друг учесник.

Вардарската регата Гемиџии се одржува по 18-ти пат.