Македонија
17. January 2021 - 12:14

Велешанец уапсен при кражба во Прилеп

Вчера во 21.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ш.В.(26) од Велес, со привремено живеалиште во Прилеп, затоа што бил затекнат при извршување разбојничка кражба во куќа, сопственост на П.Б. од Прилеп, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.