Македонија
14. јуни 2019 - 19:02

Велешанец со возила излета од автопатот Велес - Скопје, сопатничката повредена

Вчера околу 18.15 часот на автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, Д.У.(40) од Велес, управувајќи патничко возило „Фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.